Кога тишината зборува

Кога тишината зборува и боговите молчат,

Звук пред кој не можеш, а да не се запрашаш

Што ли е погласно од најгласната тишина?

Кога мислите ти талкаат безгранично

На што ли размислуваш најмногу?

Единствен звук кој влева надеж

Мелем на рана кој буди сигурност

Единствен сопатник кога си сам

Звукот на тишината.

Најгласната тишина зборува

И ти вели дека не си сам

Секогаш има некој кој мисли на тебе

И посакува заедно да уживате во тишина.

Тишината зборува гласно:

Се’ ќе биде во ред.

Тишината шепоти:

Биди среќен и уживај во мене, зошто ќе дојде ден кога очајно ќе ти требам!

download (1)

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели