Skip to content

Не суди

Да можеше да ми ѕирнеш во душава, па после тоа да ми судеше.
Никогаш немој да донесуваш суд за другиот ако не знаеш како му е. Да можеше да се влегува во туѓа кожа бар на еден ден или да се носеа туѓи обувки кога ќе посакавме за да можевме да ѕирнеме во животот на другиот мислам дека многу повеќе ќе се разбиравме.
Не суди со очи, нека суди душата.
Не носи суд ако не си потполно сигурен дека целото твое битие не се согласи.
Никогаш не донесувај одлука која подоцна би те натерала да се каеш или чувствуваш виновно.
Никогаш не им суди на родителите, зошто тие се најзаслужни за твоето постоење!
Да можеше да се добиваат награди за секоја донесена грешна одлука мислам дека ќе бевме најнаградувана нација.
Да беа измерени на кантар сите грешки што обичниот човек ги прави во текот на животот немаше да тежат помалку од тон.

Мисли, па делувај!

***

Да можеше да
погледнеш со очиве
ќе разбереше.

Колку е важна
животната лекција
што ја учиме.

Ти ме научи
да се сакам себе си.
фала ти за тоа.

Биди си среќен
во овој суров свет од
лаги и злоба.

Напишете коментар