Во очите ѝ пишуваше

Во очите
и пишуваше,
од усните и се читаше.
Со насмевката зборуваше,
со гласот те пленеше.
Тагата вешто ја криеше,
а солзите скришно ги лееше.
Надеж – нејзино второ име,
а верба презиме.
Рамо за плачење,
најдобар слушател.
Ако ти отвори врата,
добредојден си,
ако посака да заминеш
никогаш нема да те пушти назад.
Незаменлива и своја,
ќе посакаш да биде твоја.
Во очите и пишуваше,
од усните и се читаше
дека е посебна.
image-upload-15-723709

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели