Чекорам

Чекорам со крената глава. Одам по вистински пат. Иако животот ми давал доволно причини за тага, му покажувам дека постојат сто и една причина поради кои го сакам и не му дозволам да ми биде уништен…Секој чекори по некој пат. За време на „патувањето“ се среќаваме со најразлични  луѓе. Некои од нив чекорат со нас цело време, а некои се само случајни минувачи или гости кои се појавиле во нашиот живот со причина. Причината можеби ќе ја откриеме подоцна, но сепак постои.
Бидете причина за нечија среќа. Бидете некому столб на кој ќе може да се потпре. Бидете свои и уникатни. Некој ќе се заљуби токму во вашата уникатност или можеби баш поради тоа што сте.

street-conversations-woman-walking-down-the-street

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели