Skip to content

Спокојство

Низ прозорец светол зрак
во душава темен мрак.
Соба полна со надежи мои
обојуваат ѕидови во весели бои.
Златно утро, сончев ден кој
допира и го гали погледот твој.
Пролетна песна пееја
улиците гласно говореа
децата весело џагореа
весела лесна песна
ја бараа среќата низ улица тесна.
Нека се слушне за песната која
враќа спокој и насмевка моја.

Напишете коментар