Skip to content

Спомен

И ќе се престори,
ново утро штом осамне
ќе остане во сеќавање
како спомен.

И ќе се појави,
штом ноќта се спушти
тивко, полека на прозор твој
во мисли
како спомен.

И ќе се разбуди
копнеж,
во твојот свет осамен,
ќе остане само спомен.

И ќе заспие
во твоите бисери
како дете безгрижно
што спие мирно,
во срце разбрануван вулкан
ќе остане само спомен.

Напишете коментар