Кога проклето ти требам

Ме гледаш во облаците,
во секој нов сончев зрак,
во секоја капка дожд,
во мигот ноќен,
ме довикуваш во мисли
зошто проклето ти требам.

Ме гледаш во секоја друга,
но никоја не може да биде јас
во секој туѓ поглед ги гледаш моите очи,
се прашуваш зошто не нема нас?

Кога проклето ти требам
ме пцуеш дека не можеш против себе,
ти требам како мајка дете
како воздух што ти треба тебе.

Како цвеќе вода,
како ден светлина
како ноќ темнина
проклето ти требам.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели