Skip to content

Ти реков, ми рече (6)

Битанга и принцеза. Убавицата и ѕверот. Денешното главно прашање е : „Зошто добрите девојки ги сакаат лошите момци?“ или „Зошто добрите девојки завршуваат со лоши момци?“.
Ќе ја разработиме малку оваа тема. Несомнено без разлика на која категорија припаѓате, постојат и „лоши девојки со добри момци“ да не ја занемариме и оваа варијанта. Меѓутоа, другото главно прашање е зошто лошите момци се толку проклето привлечни? Сите припаднички на понежниот пол барем еднаш биле заљубени во лош дечко или барем таков им се допаднал барем еднаш мора да признаете. Што ги прави толку привлечни? Според мене е тоа што знаат што сакаат и не се срамат тоа да го признаат, не се срамат да го покажат и да превземат чекор. Просто овие момци не чекаат да бидат освојувани, туку штом ќе го здогледаат својот плен се впуштаат во акција и одат на варијанта „се или ништо“. Најчесто се полни со самодоверба и затоа не се плашат да бидат отфрлени затоа што се сигурни во себе и одбивањето го ставаат како последна опција. Девојките веднаш паѓаат на шармот кој го имаат овие момци, но почесто тинејџерките се заљбуваат во вакви момци додека оние позрелите ќе размислат два пати дали да им дадат шанса на лошите момци баш веројатно поради искуството што го стекнале со текот на годините и нивните претходни врски. Направив мало истражување и пронајдов некои портали кои пишувале што ги прави лошите момци толку привлечни. Наведени беа следните 7 работи: тие се самоуверени, независни, возбудливи и авантуристи, предизвикувачки и мистериозни, маженствени, и даваат на жената чувство на моќ и знаат како да разговараат со жена. Сите овие работи го сочинуваат лошто момче иако мора да признаеме дека некои карактеристики ги опишуваат и добрите момчиња, но тие според жените кои преферираат лоши момци се досадни, недоволно возбудливи и неинвентивни. Ако се пронајдовте во опишаниве карактеристики и себе си се опишувате како лошо момче, тогаш оставете коментар ве молам: „Зошто ве привлекуваат добри девојки, а не лоши кои се како вас?“. Ете, затоа што не сум машко, можам само да си претпоставувам и да си правам свои теории кои можеби немаат врска со реалноста. Но, од она што можам да го забележам причината е за тоа што поради нивната дива страна,  сакаат некоја која ќе ги скроти и која е поразлична од нив за да одржуваат некаков баланс, а и како да има некое непишано правило како што добрите ги привлекуваат оние лошите, така и лошите сакаат да влезат во светот на добрите и можеби да им го расипат со нивните лоши идеи ако добрите не знаат како да се справат. Постојат илјадници приказни на добри деовјки кои завршиле со лош дечко и на крајот од приказната биле повредени и тој лош дечко не им предизвикал ништо друго освен занесеност, болка и солзи. Не сакам да генерализирам затоа што сигурна сум дека има лоши момци кои знаат што е вистинска љубов и се борат храбро за неа. Напред лоши момци! Покажете што е вистински маж кој храбро се бори за својата сакана и не се плаши да ја заштитува и покажаува пред другите. Од една страна, викаат дека лошите момци се без влако на јазикот и дека се многу искрени, тогаш уште еден палец од мене за нив! Поарно дечко кој ќе ти каже што мисли и поракј тоа што можеш да бидеш повредена(нели поарно болна вистина, него убава лага) и притоа нема да ти прави заговори за како да те легне, туку отворено ќе ти го каже неговиот став без задни намери. Но, постојат и добри момци кои се искрени, но нив веројатно им треба малку поголема храброст. Лошите момци се похрабри и веројатно затоа што се позаштитнички настроени се попривлечни.
Сѐ додека не ги повредите женски чувства и ги третирате онака како што заслужуваат бидете лоши колку сакате! Е да, некои бесчувствители цури не ги заслужуваат ни лошите ни добрите единствено што заслужуваат е карта во еден правец до пеколот!
Било лоши или добри – бидете луѓе. Бидете најдобрата верзија од себе. Пријатен викенд!

Image

Напишете коментар