Тажна љубов, среќна песна

Ќе пејам среќна песна
зошо љубовта наша е тажна.
Се распрсна како меур од сапуница
дожд наврна во мојава душа страдалница.
Зошто не можевме да пееме
песни, среќни весели и лесни
место тоа сега ние солзи лееме.
Ќе се смејам со солзи на лице
ќе се престорам во копнеж
кој никогаш нема да го имаш
ќе бидам неостварен љубовен полнеж.
Ќе плачам со насмевка која
ќе ја разгали душата моја
нашата љубов е рана тешка
со несќрен крај, но песна смешна. 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели