Skip to content

Прашања за ЈАСНА СЛИКА за себе!

Што е она што те движи напред?
Која е твојата главна инспирација во животот?
Каков човек си ти?
Дали ги остваруваш замислените цели? Дали воопшто имаш цели кои чекаат да бидат остварени?
Што е она кое те прави среќен?
Да можеше за кого живот би дал?
Како се замислуваш после пет, а како после десет години? Како го замислуваше овој период од животот пред  десетици години?
Која е твојата најважна лекција на која животот те научил?
Кои се твоите соништа? Знаеш ли да мечтаеш?
Колку си веруваш сам на себе? Колку си сигурен во себе? Колку се цениш самиот себе?
Знаеш да урживаш во друштво на самиот себе?
Што е она што те иритира и нервира?
Што е она што те воодушевува?
Што е она што те повредува?
Има ли нешто што немаш, а го посакуваш?
Колкава цена треба да се плати за да се постигне успех и што се спаѓа во цената?
Дали си упорна личност?
Дали се  грижиш што другите мислат за тебе?
Кои се твоите предности или јаки страни? Кои се твоите недостатоци или слаби страни?
Дали знаеш да ги почитуваш луѓето?
Дали знаеш кои се вистинските вредности?
Што ти е најважно во животот?
Како им пристапуваш на проблемите?

Имаш некоја неостварена желба?
Без што не можеш во текот на еден ден?
Кое нешто би било доколку би имал/а можност да направиш да исчезне засекогаш?
На што се надеваш најмногу?

И уште многу други прашања кои ми се вртат во глава. Обидете се да ги одговорите за да добиете појасна слика за себе, а и да се запознаете со вашата личност. Можеби сум пропуштила некое прашање, тоа е затоа што сама ги составував, но мислам дека секој од нас треба да го знае одговорот на овие прашања. Секој треба да се спознае себе си, да си ги знае предностите и недостатоците за да се оформи во една посакувана особа која имала квалитетен живот.
П.С пробајте да ги одговорите. Одговорот е во самите ВАС, треба само да го побарате. Нема човек кој не знае да одговори на овие прашања. Имајте добра ноќ.
download

Напишете коментар