Skip to content

Песна за надежта

Спокој и мир
далечен небесен шир,
насмевка за среќа и радост
копнеж по љубов во секоја младост.

Покрај беда и тага,
се бориш со цела снага,
чекориш гордо и со крената глава
се бориш против секоја лага.

Надежта ти е второ име,
убавината презиме,
патник кој те води
во тебе борец се роди.

Биди храбар и јак
надежта да ја имаш пак,
не ја губи никогаш
и биди среќен секогаш!

 

Напишете коментар