Море од солзи

Исплакав јас море од солзи
борејќи се со мисливе
кои те повикуваат силно
но, ти нема да дојдеш сега.
Река од болка
создадов помислувајќи
на секој наш заеднички
момент кој ќе ми остане
врежан во срцево.
Океан од тага
во кој брановите
се посилни и од најсилното
невреме.
Капка по капка
се слеваше по моево лице
но, решив сега јас дека
морам да те преболам.
Без чувства и грижи
решив сега јас да бидам зошто
доста е од нив, време е за среќа.
Ќе ја пронајдам пак јас неа
сама
зошто ја гледам секој ден во огледало
како ми вика дека е време
конечно да ја почувствувам.

download

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели