Некогаш и некаде

Збогум без бакнежи и солзи.
Без причина за крај или
со голема неискажана причина
со голем прашалник и барање по одговори
кои никогаш можеби да ги добијам нема.
Ако ме сретнеш ти
насмеј се барем уште еднаш ако
да ти ја запаметем насмевката
за да ме боли повеќе
и тебе да те боли
уште повеќе кога ќе ме видиш вака среќна.
А, среќни можевме заедно
многу да достигнеме
и да ги допреме ѕвездите
и да освојуваме нови висини
и да создадеме иднина
макар била и болна
ќе бевме заедно несреќни.
Но, одлучи да бидеме несреќни
разделени.
Некогаш и некаде
ќе се сретнеме пак јас и ти
само насмевни се за крај и молчи.

 images

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели