Не ја губи

Чувај ја како да е последната капка во пустина.
Сакај ја како да е единствената на светов.
Светов поклони ѝ го зошто таа го заслужува.
Го заслужува твојот допир кога е осамена.
Кога е осамена јави ѝ се и потсети ја.
Потсети ја дека има некој кој мисли на неа.
Мисли на неа пред да заспиеш.
Пред  да заспиеш посакај ја.
Посакај ја со цело свое битие.
Цело свое битие нека и припадне.
Нека и припадне љубовта.
Љубовта која ќе ве одржува во живот.

603672_4656161323310_765478198_n

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели