Човек роден да пати,
со труд и пот ја заработува секоја пара,
се мачи од утро до мрак
и пак му се радува на секој нов зрак.
Човек роден да страда,
болка и тага негови стари познаници,
но пак го сака овој живот земен
иако знае да биде многу темен.
Човек роден да сака,
да љуби до болка и безусловно,
но кога не е од срце и чисто
ништо веќе не е исто.
Човек роден да живее
живот кој го одбира сам,
се прашува и трага по одговори
секојдневно склучува договори.
Човек роден да умре,
без да биде прашан кога
си оди од овој свет бел
и зад себе остава роман цел.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.