Кога ќе…

Кога ноќта ќе го проголта денот,
ќе ме побараш, ќе ме довикуваш во мислите,
но јас нема да дојдам.
Кога нов ден ќе се роди,
ќе ме посакаш, ќе ти требам,
но јас нема да бидам покрај тебе.
Кога ќе почне силно да врне
ќе посакаш да ме бакнеш под капките
но мене ќе ме бакнува друг.
Кога ќе огрее јасно сонце
ќе ти недостигам со секој сончев зрак
кој ќе ти го милува лицето,
а, ти нема да можеш да ме милуваш.
Кога ќе ја слушнеш песната
што те потсетува на мене,
ќе помислиш што изгуби,
а јас некому друг песна ќе пишувам.
Кога ќе сакаш да склопиш очи
ќе ти се појавам од никаде,
ќе пролееш тивко една солза
и ќе се помолиш за спокој,
ќе посакаш да ме заборавиш,
и ќе ти успее само за миг, но цел живот ќе ме паметиш.

images

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели