Кога чувствата зборуваат

Сончев зрак ми го милува лицето,

те барам во далечините,

далечен си,

а уште подалечна сум јас.

Ветрот ми ја мрси косата,

те довикувам во мислите,

но не доаѓаш,

нема повеќе место за тебе

ти си замина.

Гледам како дождот паѓа,

капнува една солза долж лицето

ми го мие образот,

те мие од мене.

Слушам мелодични ноти,

ме милуваат звуците на гитарата

допираат длабоко во душава,

проникнувајќи во најдлабоките спомени.

Спомени ли се спомени,

ти ги будат заспаните емоции,

ти ја голицкаат фантазијата.

Копнежи ли се копнежи,

во вид на желба и посакување,

вечни трагачи по достигнување

на замисленото.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели