Skip to content

Кога ноќта ќе падне

Ноќта тивко се спушти,
со себе ги понесе солзите,
на површина испливува болката,
додека ликот на љубовта
го зазема своето место во срцата на заљубените.

Темнина и црнило,
дожд од метеори,
а некој дожд од солзи,
солени и свежи,
како капки море.

Доцна во ноќта,
кога тишината пее,
се чувствувам осамено,
како бездомник
кој талка бос и гол.

home

Напишете коментар