„Поглед во длабочините“

Мирно море, а бура во душата,
солена вода, а уште посолена солза
се гледаше во нејзиниот поглед
насочен кон длабочините.

Разбранувано море, а спокој во душата
горки солзи немаше повеќе
блескаа нејзините очи
гледајќи во длабочините.

Бисери ѝ го милуваа вратот
допирајќи ја нежно,
ја истакнуваа нејзината убавина додека
таа со поглед ги милуваше длабочините.

Сончеви зраци ѝ го осветлуваа лицето,
а таа блескаше повеќе од нив,
засенувајќи ги зраците
затоа што беше среќна и вљубена.

sea

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели