Песна за нас

song

Ова е песна за нас, ненапишана
ова е стих за нас, недоиспеан
оваа е приказната наша незавршена,
оган што гори, недоизгорен.

Се прашувам дали воопшто гореше
или само тоа беше  привид
или плод на мојата фантазија,
сеедно, не гори повеќе.

Сега трагаш по среќа, а беше пред тебе
беше пред нас, ама не ја препознавме
сега трагаш по љубов, а можеше да ја имаш
ти посакувам да се вљубиш како никогаш досега!

Ама не во мене, не знам ни дали ме сакаше,
заљуби се во некоја која ќе ти сврти грб
за да видиш како можела силно да боли љубовта
и да пече и допира длабоко како свежа рана.

Тажно зар не? Не е воопшто злобно ова што ти го посакувам
всушност, љубовта ако не боли, не е љубов,
но ти дозволи да победи кукавицата во тебе
и не, не знаеше да сакаш вистински.

Рече дека сѐ што правиш правиш од љубов,
но се прашувам дали знаеш што е тоа воопшто,
затоа ти посакувам да се заљубиш,
и кукавиците имаат право да сакаат.

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели