Мислам на времето
кога ќе помине сѐ,
кога ќе останат само спомени,
ќе имам ли што да раскажувам?
Мислам на времето
кога брчките ќе бидат во преден план
и кога јас, ти , тој и таа
ќе се сеќаваат на она што поминало.
Мислам на времето
кога нема да има тајни
кога спокојот единствено
ќе владее со нас.
Мислам на времето
кога сѐ ќе заврши
кога единствен сведок
за нас ќе биде она што останало од нас.
Мислам на времето
кое допрва доаѓа,
дали ќе имаш нешто вредно
за кое би сакал да раскажуваш?
Мислам на времето
и му се радувам на секој миг
кој ми го кажува патот
што треба да го изодам.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.