Литература Македонска поезија Поезија

Молчи

 

Не зборувај, молчи
остави ме да ја слушам 
твојата тишина,
за да можам да ја исполнам со милувања
и нежни допири.
Не зборувај, молчи
остави ме да ја гледам 
твојата убавина
за да можам да ја насладам душава
и да ти се восхитувам.
Не зборувај, молчи
остави ме да ја впивам 
секоја нота од твојата музика
за да можам да ти напишам песна
и да ти ја посветам.
Не зборувај, молчи
остави ме да го запаметам 
твојот мирис
за да можам да те носам секаде со мене
и кога не си до мене.
Не зборувај, молчи
остави ме да молчам и јас
за да можеш да ја разбереш 
мојата тишина.
Можеби тогаш ќе сфатиш
колу сакам мојата и твојата тишина 
да се секогаш заедно.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје