Не зборувај, молчи остави ме да ја слушам твојата тишина, за да можам да ја исполнам со милувања и нежни допири. Не зборувај, молчи остави ме да ја гледам твојата убавина за да можам да ја насладам душава и да ти се восхитувам. Не зборувај, молчи остави ме да ја впивам секоја нота од твојата музика за да можам да ти напишам песна и да ти ја посветам. Не зборувај, молчи остави ме да го запаметам твојот мирис за да можам да те носам секаде со мене и кога не си до мене. Не зборувај, молчи остави ме да молчам и јас за да можеш да ја разбереш мојата тишина. Можеби тогаш ќе сфатиш колу сакам мојата и твојата тишина да се секогаш заедно.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.