„Записите за Џозефина“ (8)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Времето си одминуваше.
Како да работеше против неа.
Часовите и минутите изминуваа толку брзо
чиниш еден час е цела секунда.
Секогаш беше во трка со времето
иако беше сигурна дека тоа не постои навистина,
туку некому му текнало да го мери.
Понекогаш посакуваше да го запре
или барем некои мигови да ги врати назад,
ама знаеше дека тоа е невозможно.
Иако така, неа ништо не ја спречуваше да ужива
во секоја секунда, секој минут секаде и секогаш.
Така додека се возеше во автобусот под изгаснатите светла
и присуството на другите беше сама, но
одлично се забавуваше со своите мисли.
За момент некој детски плач ќе ѝ го одвлечеше вниманието,
па повторно се задлабочуваше и гледајќи низ прозорецот
патуваше и физчки, но и со своите мисли.
Многу им се радуваше на патувањата
иако ја исцрпуваа, но најмногу од сѐ
уживаше во патот кон дома.
Кај и да одеше, Џозефина секогаш дома се враќаше.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели