Знаше дека сѐ поминува,
а само спомените остануваа
како живи сведоци на нешто
што некогаш било
и нема да биде повеќе.
Светлост единствена
во најтемниот мрак,
од нејзините очи блескаше зрак.
Беше неостварен копнеж
љубовен јадеж,
најголема животна надеж.
Мистериозно привлечна,
неодоливо магична,
нескрмно фантастична
една Џозефина за младоста носталгична.
Ниедна рима не може да ја опише до крај
во неа беше собран сиот земски сјај.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.