„Записите за Џозефина“ (12)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Беше предизвик да ја сакаш,
а неопислива среќа и гордост да ја имаш покрај себе.
Ќе тргнеш да ја освојуваш,
а таа веќе пуштила корени во твоето срце.
Само што ќе те погледне
ќе го врежиш тој поглед засекогаш длабоко во себе,
посакувајќи тие очи цел живот да те гледаат.
Крајно посветено игра на музиката наречена живот,
секоја нота ја обработува посебно свирејќи песни
од длабочината на нејзината душа,
а инструментите ги одбираше внимателно и мудро.
Сакаше таа да биде композитор
и диригент на својата музика
каде што ќе се свират песни
со најдлабоки текстови и
најромантични ноти.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели