„Записите за Џозефина“ (13)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Есента пристигна
и во нејзината улица.
Забележа како еден лист
се откина од гранката и
засекогаш се збогува со дрвото.
Тогаш помисли
како ли му е на тој силен корен
кога ги гледа гранките како се разделуваат
од своите лисја.
Еден лист ѝ падна во коса,
па додека несмасно се обидуваше
да го тргне, погледот и остана заробен
во едни очи, небаре се беше маѓепсала.
Тоа беа очите по кои трагаше,
кои сакаше да ја гледаат засекогаш!
Знаеше дека не бара многу,
само да ги види истите пак
затоа што срцето и даваше знак
дека е време да се разбуди од тој мрак
и повторно да се заљуби со интензитет јак!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели