„Записите за Џозефина“ (15)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Имаше восхитувачка убавина,
небаре сите убавини во неа се збрале,
чиниш ја цртал највешт сликар и
најталентираниот уметник не може
да ја опише нејзината боженственост.
Со поглед обараше,
со насмев те возвивнуваше,
ах, Џозефина со самото присуство освојуваше!
Посебна, уникатна и своја
ми го обои животот во најубава боја.
Моја ретка птица бела
само со мене ќе бидеш цела!
Моја светла точка во најтемниот мрак
посјајна од најсветлиот зрак.
Желба за секоја младост,
спомен за секоја старост.
Причина за родителска гордост,
доказ за земска убавост,
причина за восхитеност,
доказ за совршена-несовршеност!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели