„Записите за Џозефина“ (16)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Џозефина не беше ни девојче,
а не беше ни жена, туку нешто помеѓу.
Милуваше да се нарече девојка
која се пронаоѓа себе си
и сака да си го најде местото под небото.
Веруваше во себе,
една од најважните работи аа
која ѝ беше потребна-вербата во себе
и своите квалитети
кои требаше да ѝ ја одржуваат самодовербата
на задоволително ниво.
Нејзината насмевка беше милување на душата,
скокоткање на емоциите и
пловење во длабочините на заспаната среќа.
Не сака да ја пропушти
единствената шанса која секој ја добива
само еднаш!
Сакаше таа да биде сликарот кој самиот
си го моделира и обојува скапоцениот живот,
сакаше да има целосна контрола над своите емоции,
но знаеше и да ги пушти конците од нејзините раце и да рече:на
„што биде нека биде“, додека силно веруваше
дека она што требало да биде, ќе биде во секој случај
порано или подоцна.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели