„Записите за Џозефина“ (19)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Таа крадчка на сон,
постојан гостин во неговите мисли,
беше полна со позитивна енергија.
Џозефина беше и пекол и рај
и ден и ноќ, две во едно
без неа постоењето не би било вредно.
Како што ноќниот чувар
кој со сите сили се бори
да не заспие, кај неа беше обратно
таа се мачеше да потоне во сон
само затоа што јавето ѝ беше многу поубаво.
Сонуваше будно, речиси секаде
каде што беше сама со нејзините мисли,
во автобус или додека го чекаше
сеедно.
Правеше разлика помеѓу сонување
и дејстување.
Беше фантазер и сонувач кој секогаш
гледа позитивно на работите
со цврста верба дека еден ден
сонот ќе и стане јаве

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели