„Записите за Џозефина“ (22)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Нејзиниот свет нејзино засолниште,
скривниште и прибежиште,
а за да бидеш дел од него ти треба посебна карта
која не може да се купи со пари.

Нејзината насмевка нејзин украс,
најубава облека и шминка,
а за да ја гледаш секогаш таква
не треба никогаш да ја разочараш.

Од нејзината појава
никој не остануваше рамнодушен,
а нејзиниот чекор можеше да го следи
само оној кој вистински ја познаваше.

Секој посакуваше за рака да ја фати
нејзиното срце не смееше да пати,
оној кој ја изгубил не може да ја врати
нејзиното отсуство скапо ќе го плати!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели