„Записите за Џозефина“ (35)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Се насмевна.
На нејзиното лице
се нацрта онаа линија
која беше решение
на сите проблеми.
Една насмевка беше доволна
за да ти ја растопи душата
и да ти го разубави денот.
Џозефина нему му беше
и ден и ноќ,
и светлина и мрак,
дека им беше судено
заедно да бидат
тоа беше знак.
Беше негова ѕвезда водилка
почеток на убава приказна,
на која никој не сакаше крај.
Му ги осветлуваше ноќите,
галејќи го секое делче
од неговото срце,
непланирано успеа
да се всели таму
и да пушти корени.
Можеа само да
воздивнуваат по неа,
сите да ја сонуваат,
а само тој да ја има.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели