Skip to content

Разбуди се

Отвори очи ти,
рашири крилја
кон небесни височини
допри ги ѕвездите
и дофати ги далечините!
Отвори очи ти,
рашири крилја
кон светови нови
ослободи ги емоциите
уништи ги сите окови!
Отвори очи ти,
рашири крилја
кон нови победи
од непознатото не се плаши
не дозволувај никој да те повреди!
Отвори очи ти
рашири крилја,
кон слобдони патишта
ослободи се од тагата
и долетај во познати краишта!
Отвори очи ти
рашири крилја,
кон цели јасни
нека успесите твои
бидат сами по себе гласни!
Отвори очи ти
рашири крилја,
кон позитивна мисла
и обиди се да ја оствариш
секоја твоја замисла!

images

Напишете коментар