Славиме 2 години постоење!

blog birthday

 

Точно две години откако за првпат светла точка во мракот стана дел од моето, а и од вашето секојдневие. Полека, но сигурно прераснуваме во тоа што отсекогаш сме биле, нешто што вреди, катче во коешто не е залудно потрошена ниту една минута.
Можеби нема да се стекнете со знаење, тука не обработуваме информации кои мора да ги знаете од типот совети, корисни работи и здравствени совети (за тоа си постојат други веб-портали), она што го правиме се вика: „Внесување светлина во еден тмурен ден“. Ова може да се протолкува на повеќе начини, но најсигурно е дека ако побарате поубаво, сигурно ќе најдете нешто за ваша душа дури и ако не сте љубител на пишаниот збор, ќе се заинтересирате да видите што крие овој блог на кој интензивно се работи веќе две години.
Ќе се надоградуваме во секоја смисла, ќе стануваме подобри и поинтересни, со нов изглед и нови содржини.
Приказната светла точка ќе продолжи да трае, ќе сјаеме во секој поглед и ќе бидеме дел од вашиот свет доколку ни дозволите.

2-year-blog-anniversary

Capture

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели