Цел живот ја бараш,
за кога ќе ја најдеш
да стравуваш дека ќа ја изгубиш
о среќо, зошто си толку далечна?
Трудејќи се да ја достигнеш
забораваш да живееш,
губејќи го секој важен момент
за после да се прашаш: „каде ли згрешив?“
Ќе ти шепне од далеку
„еве сум доаѓам“,
а ти само слушаш ехо
нестрпливо очекувајќи ја.
Да не те изгубам никогаш
морам да те пронајдам
и уште потешко ќе биде да те задржам
о среќо, добредојдена си секогаш!
Цел живот ќе ти помине
младоста ќе летне како птица
сè ќе дојде и замине
само споменот ќе остане.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.