Skip to content

Приспивна

 

Те повикувам во мислите,
секогаш пред да склопам очи
го гледам твојот лик
и се насмевнувам,
со надеж дека јас сум твоја
прва и последна мисла
кога ќе склопиш и отвориш очи.
Те милувам нежно во сонот,
небаре на јаве не можам,
и се прикрадувам
во твоја прегратка
држејќи те цврсто
за никогаш да не ми заминеш.
Го молам небото
со секој изминат миг
да всели спокој и мир
во нашите души,
и да се сретнеме
онаму кадe што треба,
онаму каде што припаѓаме.
Ја молам ноќта
да ми го покаже патот
кон ѕвездите
давајќи ми милион причини
за утре со насмев
да се разбудам!

Напишете коментар