„Записите за Џозефина“ (48)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Среќата знаеше да ѝ се насмевне
во вистински момент,
како магнет ја привлекуваше
и еуфорично ја делеше
со останатите.
Сонце?
Таа блескаше повеќе и од него.
Нејзе не ѝ требаше многу
за да биде задоволна,
ѝ беа потребни само
оние луѓе кои ги имаше покрај неа
и кои не сакаше да ги изгуби.
Предизвик кој го прифати,
борба која ја водеше,
песна која ја пееше,
роман кој го пишуваше,
сложувалка која требаше да се склопи
беше нејзиниот живот.
Таинствен лик во туѓите очи,
чиј лик спие во нејзините мисли?
Нежен шепот на усните,
кои усни ги бакнуваа нејзините?
Мек допир на вратот,
чии ли раце ја галеа?
Топла прегратка во ноќите,
со кого им се спојуваа световите?
Дал си стварност ил лага,
плод на фантазија
или вистиснка реалност,
слатка болка или горка радост,
Џозефина, што ли си ти?

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели