Срцето ѝ зборуваше песна
која не можеа сите да ја разберат,
усните и пееја зборови
кои сите не сакаа да ги слушнат.
Во нејзините вени
течеше неговото име,
тој беше дрога на која
смртно се навлече,
само тој можеше да ја излекува
и да ја спаси.
Кога ништо не кажуваше,
нејзината тишина вриштеше,
со само еден поглед
ја расветлуваше темнината.
Кога најмногу ѝ требаше,
молчеше.
И тогаш во мислите ги повикуваше
сите заеднички мигови
бесценети и вредни за паметење.
Кога се смееше,
од усните ѝ се читаше неговиот лик,
со само еден насмев
растопуваше сечие срце.
Зошто Џозефина беше толку чудесна?
Затоа што беше своја.
Бидувајќи своја и поинаква
оставаше траги и
секогаш беше запаметена.
Можеше да направи да се смееш,
но и да рониш солзи истовремено
незнаејќи дали си среќен или тажен
што е таа до тебе.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.