„Записите за Џозефина“ (53)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Понекогаш знаеше да заспие со солзи,
но, секогаш следното утро ставаше насмевка
како задолжителен моден додаток
без кој не можеше да се замисли.
Ноќта ја правеше спокојна,
кога ѕвездите танцуваа на небото
месечината се раѓаше,
сонцето заспиваше,
додека небото ги набљудуваше
мирно и тивко
за да не го разбуди сонцето
и нежно и внимателно
за да не ја повреди месечината.
Таа припаѓаше онаму каде што требаше,
беше длабоко сместена во неговото срце
од каде што не планираше да излезе,
а тој сакаше таа да остане.
Тој припаѓаше онаму каде што требаше,
го имаше клучот од нејзините најтајни одаи,
го чуваше внимателно
затоа што не сакаше да ја изгуби.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели