Додека во одблесокот на нејзините очи
се читаше љубовта со која беше полна,
во насмевката ѝ се криеше
цела ризница на љубов
која неизмерно ја добиваше
и ја даваше.
Додека душата ѝ трепереше
го вдишуваше неговиот мирис
а тој ѝ го слушаше забрзаниот ритам на срцето
за кој беше виновен.
Додека беа еден покрај друг
и тишината можеше да има звук на пријаност,
ништо не беше поважно од нивното присуство,
губејќи се во меѓусебните прегратки
времето за нив запираше,
секундите и минутите не постоеа,
постоеа само заедничките моменти,
моменти на уживање,
на припадност
и бесконечност.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.