Сила извираше од секое делче од нејзиното тело,
појака како никогаш претходно,
поодлучна како што досега никогаш не била,
чекореше кон нова етапа во животот
со цврсти и приземјени чекори
се приближуваше кон остварување
на своите соништа,
а дел веќе ги живееше
и не сакаше никогаш да престанат.
Ведрина. Нејзино второ име.
Сила избираше, ама и силата ја одбра неа,
не можеше секој да биде силен,
односно требаше да се знае
и да се умее да се остане силен.
Преживеана бура.
Победена битка.
Извојувана победа.
Остварена цел.
Ноќта ја одгатнува мистеријата.
Со себе носи милион прашања
кои чекаат да бидат одговорени.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.