Последниот танц

Го играше сама.
Со солзи во очите.
Со болка во градите.
Полиња со празни надежи.
Секојдневно ги полеваше.
За на крај да пресушат.
Останаа само празнините.
И болката ја снема.
Се појави нова шанса.
За повторно да огрее сонце.
Да ги снема солзите.
За полињата да родат нова надеж.
За нов почеток.
Никогаш не е касно.
Можеше да се случи чудо.
Не се предаваше.
Продолжуваше да игра.
Повторно сама.
Со огромна желба за живот.
Животот ѝ беше танцот.
А, танцот го сакаше повеќе од сè.
Танцуваше за себе.
Без публика и рефлектори.
Танцувајќи го славеше животот.
Дишеше низ нотите.
Чекореше со лесен ритам.
Таа беше музика.
Нејзината појава беше уметност.
Не престануваше да игра.
И кога годините ја стасаа, не се откажа.
Повторно играше.
За своја душа.
Но, само во мислите.
Затоа што беше изнемоштена за движење.
Но,  посака уште еднаш да заигра.
Застана пред огледало со последни сили.
Гледајќи го сопствениот израз, се насмевна.
Не сум веќе во форма, помисли.
„Никогаш не се откажа од мене“, како  да го слушна танцот.
Застана цврсто на нозе.
Ги затвори очите и воздивна длабоко.
Тогаш ѝ се препушти на музиката.
И го заигра последниот танц.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели