И без допир, те допира
и без звук, ја слушаш,
и ќе те допре оставајќи белег
и тивко ќе ти шепне пред да заспиеш
дека секогаш ќе биде тука за тебе.
Нежно ќе те погали
доаѓајќи на твојата перница
и ќе ти пее приспивна песна
чиниш си ѝ дете,
кое го заспива
и секогаш го бакнува на чело
пред да заспие.
Ти влева сигурност,
а некогаш се плашеше од неа,
ја мразеше дека мислеше
чудовиштата се појавуваат само тогаш.
И без допир, те допира
и без звук, ја слушаш,
и ќе те остави буден
без око да склопиш
и тогаш ја мразиш,
трае како цела вечност,
а денот ја убива,
а ти пак посакуваш да ја сретнеш
и ти се исполнува желбата
секоја вечер во исто време,
додека утрото не ја земе.
Повикај ја нејзе,
чуварот на сите тајни,
сведокот на илјадници бакнежи,
рамото кое видело најмногу солзи,
приспивна песна која секого го заспива.
Повикај ја нејзе
и заблагодари ѝ се,
затоа што секогаш
ќе биде тука за тебе.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.