„Записите за Џозефина“ (64)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Беше пред уште еден животен предизвик.
Ја тестирше својата трпеливост.
Ја негуваше својата љубезност.
Ја хранеше својата љубопитност.
Ја поздравуваше искреноста.
Ја возвишуваше љубовта.
Ја наводнуваше надежта.
Ја ценеше трудољубивоста.
Ја подигаше самопочитта.
Ја игнорираше дволичноста.
Ја слушаше интуицијата.
Ја обожаваше природата.
Ја љубеше музиката.
Ја почитуваше послушноста.
Ја вреднуваше одговорноста.
Ја контролираше гордоста.
Ја бранеше правдата.
Ја величеше чесноста.
Ја возвраќаше посветеноста.
Го сакаше мирот.
Мирот во цел свет.
Целиот свет ѝ беше собран во неговата прегратка.
Прегратката е дом во кој си најбезбеден.
Најбезбеден е оној кој не се плаши од ништо.
Ништо не е повеќе потребно од љубов.
Љубов – биди во сечие срце.
Сечие срце нека е исполнето со радост.
Радоста почнува од тебе.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели