Дождот ја накисна целата од глава до пети,
косата ѝ беше измокрена,
ладна вода се цедеше од нејзините алишта,
а таа се смееше и уживаше во секоја капка
чиниш гледаш мало дете како се радува.
Тоа и беше. Девојка со детска душа,
која низ шала знаеше да каже
дека никогаш нема да порасне.
Или дете со маска на возрасна девојка
кое се обидуваше да се вклопи
во светот на возрасните
и да ја игра таа улога на беспрекорен начин.
Беше реална.
Во толку изопачен и нереален свет
ѝ требаше рака која ќе ја држи цврсто,
збор кој ќе биде исполнет,
рамо за плачење кога ѝ е најпотребно,
а сето тоа од само една личност.
Беше поинаква.
Во недостаток на оригиналност и копии
ја промовираше нејзината уникатност
само со една нејзина појава.
Во свет на лаги и измами
бескрајно ја ценеше искреноста,
знаеше дека од ефтини луѓе нема да ја добие,
но таа настојуваше да ги чува покрај себе
оние кои беа вистински и искрени,
а беа во ограничен број.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.