Литература Македонска поезија Поезија

Патешествие

Казна ил награда,
светлост ил темнина,
бол или радост,
два краја на една димензија.
Очи гладни за убаво,
душа жедна за восхит,
скришни погледи
и восхитувачко напојување.
Бегаш ли од себе,
бегаш од животот,
ако бегаш од него
зошто суштествуваш?
Постоиш ти,
постојат и тие,
секој за себе,
сите за никого,
никој за тебе,
никој за другите.
Илјада чекори до сонот,
безброј пречки до крајот,
издржуваш јуначки
и го откриваш рајот.
Бегаш ли од себе,
бегаш од животот,
ако бегаш од него,
зошто постоиш?
Чекаш, а не знаеш до кога,
се радуваш, а стравуваш од тага,
плачеш, а очите ти се суви,
се смееш, а одвнатре умираш.
Мракот не те плаши,
ноќта ти е најдобар пријател
единствен кој нема никогаш да те предаде,
а тишината сојузник
кој ги знае сите твои тајни.
Патуваш во непознат правец,
со долги чекори
и уморно тело,
додека челото не ти се збрчка,
додека косата не ти побеле,
додека не постанеш спомен.
Дотогаш, живеј!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје