Носталгија

Зад планини и ридови,
зад поминати неповторливи денови,
се кријат јадеж за младост
и копнеж за радост.
Натежнале годините,
нараснале грижите,
остареле дрвјата,
осамиле клупите во паркот,
се покриле прозорците со прашина,
жедни за светлина.
Патување со мислите,
во блиски, а толку далечни дестинации,
во изживеани спомени
и неповратни времиња.
Брчка на челото,
знак на изминато минато,
бела коса,
огромна животна мудрост,
слави ги
и вреднувај ги.
Зад планини и ридови,
зад поминати неповторливи денови
се кријат илјадници насмевки,
безгрижност
и пролеани солзи.
Сфаќаш нема назад,
времето е секогаш победник
во најразличен облик,
те стасува и престасува.
Сфаќаш дека постои иднина
и после тебе.
Постои и минато без тебе.
Сегашноста зграби ја
зошто и таа ќе ти недостига.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели