Поезија

Зборови без звук

Зборови барам,
зборови немам,
збор што одекнува во тишина,
збор што боли во празнина,
збор што ќе го премолчиш,
а веќе си го кажал.
Зборови барам,
зборови не наоѓам,
за со нив да срушам мостови,
да изградам бродови,
за со нив да ја разбудам ноќта
и да го дочекам утрото.
Зборови барам,
зборови не ми се потребни,
за да ти кажам сè што знаеш,
за да ти преќутам сè што не знаеш,
зошто никогаш зборови не ми биле потребни
кога требало да ти кажам колку си ми фалел.
Зборови барам,
зборови секогаш ќе имам,
но ниеден збор не вреди
кога делата не го потврдуваат.
Зборови наоѓам
и кога ги нема,
ги слушам во нем звук,
ги довикувам во ноќите
во вид на приспивна без звук,
во вид на музика без ноти.
Зборови наоѓам
и кога ги нема,
за да изградам светови
досега невидени,
за да го разберам
она што сакаш да го премолчиш.
Зборови натежнале
како огромни карпи,
зборови се непотребни
кога допирот зборува сам од себе.
Зборови не се потребни
за да разбереш
што сакам да ти кажам.

downloadjhjh

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје