Skip to content

Дрвото на животот

Длабоки корени пуштило
во длабочините на земјата,
со неговите цврсти стебла
растени со децении.
Исправено во осамено место,
повикуваше некој да го нахрани
нестрпливо очекувајќи го дождот
за да може да ја изгасне жедта.
Во неговите стебла беа врежани буквите на животот
се издигаше во височините,
незаборавајќи на своите корени
и на својот почеток.
Гранките се прегрнуваа
и раѓаа лисја од кои се збогуваа секоја есен,
додека дрвото беше сведок на тие разделби
кои му ја распарчуваа кората
како што се парчосуваше скршено срце.
Длабоки корени пуштило
во длабочините на земјата,
како што тој имаше пуштено корени
во нејзиното срце.
Исправено во осамено место
ги испраќаше годишните времиња
и секогаш ги пречекуваше на истото место
одново и одново.
Во неговите стебла беа врежани буквите на животот,
се издигаше во височините,
пишувајќи историја
која нема крај.

Напишете коментар