Беше како снег ладна,
ама можеше лесно да се растопи
и разнежни
ако ја земеш во прегратка.
Беше како пеперутка,
леташе од место на место,
ќе ти застанеше во рака,
а после тоа одлетуваше без збогум
ако не знаеше да ја зачуваш.
Беше како омилена мелодија,
сакаш да ја слушаш кога си среќен,
нежно ти ги галеше чувствата,
а кога си тажен
таа беше тука за да те развесели.
Беше како солза,
носеше чиста душа,
ама ја бранеше од секакви зла,
не дозволуваше да ѝ ја оцрнат,
знаеше да биде „солена“
бранејќи ја својата чистота.
Беше како оган,
за минут можеше да ти ги распламти чувствата,
знаеше да те изгори и да те рани,
ако не знаеш да ја скротиш,
не смееш да си играш со оган.
Беше како река,
течеше низ деновите невраќајќи се назад,
одеше кон целта во една насока
на која ѝ го знаеше правецот,
никој не можеше да ја запре.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.